Почитувани Потрошувачи,
Пред да започнете со користењето на нашите услуги, би сакале да Ве известиме за Вашите права и обврски како потрошувач при користењето на нашите услуги. Со таа цел, сакаме да Ве замолиме убаво да ги прочитате овде истакнатите Услови на користење.
Користењето на нашата страница и услуги на веб продажба на КВИН , значи дека сте запознaени со нашите Услови на користење и дека во целост ги прифаќате истите. Доколку пак нашите Услови за користење се неприфатливи за Вас, тогаш не ја користете оваа веб страница, како и услугите понудени на истата.
1. Политика за Приватност
Со цел да се овозможи користење на услугата за веб продажба на КВИН , која е детално опишана во делот насловен: “Начин на испорака”, потребно е КВИН да прибира и да обработува одредени Ваши лични податоци. Конкретно, потребни ни се Вашето име и презиме, адреса на живеење и e-mail адреса, телефонски број. Овие информации ги давате во моментот на Вашата регистрација на нашата веб-страна и во моментот на нарачување на производот. Во тој момент Вие истовремено се согласувате да ги дадете Вашите лични податоци, за тие да бидат обработувани од страна на КВИН , за наведената цел.
Вашите лични податоци ќе се користат со цел да можеме навремено и точно да ја испорачаме Вашата нарачка. Дополнително, Вашите лични податоци ќе се користат за да Ве информираме за Вашите нарачки.
Користењето на нашата веб продажба не е возможно без Вашите лични податоци, а Вашата регистрација претставува согласност, КВИН да ги собира и обработува Вашите лични податоци за целите и на начинот опишан во овие Услови на користење.
КВИН ќе ги користи сите собрани лични податоци исклучиво за целите за кои истите се дадени. Исто така, личните податоци ќе бидат чувани во рок и на начин јасно предвидени во согласност со Законот за заштита на лични податоци и сите останати применливи закони, како и сите технички и организациски мерки за безбедност. Како субјект на лични податоци, Вие имате право во секое време да побарате информација за тоа кои лични податоци ние ги поседуваме за Вас, да побарате нивна исправка доколку истите не се точни или да побарате нивно бришење. Сите информации поврзани со или кои произлегуваат од купување направено од наш клиент на нашата веб продавница се сметаат за деловна тајна и се третираат како такви во согласност со законите на Република С. Македонија.
2. Достава
По направената нарачка, ќе добиете меил за потврда на успешноста на нарачката. Доколку нарачката е направена во Петок после 13:00 или во текот на викендот, вашата нарачка ќе биде испратена во работен ден.
Курирската служба по која се испраќаат нарачките (НОВА ПОШТА) врши достава до Вашата адреса од понеделник до петок .За таа цел потребно е лицето да биде присутно на адресата посочена за достава. Пред извршување на секоја достава доставувачот ке ви се јави пред извршување на истата.Вообичаен рок за испорака е 1-3 работни дена.Со оглед на моменталната ситуација и временските ограничувања би сакале да ви нагласиме дека може да се случи задоцнување на доставата.Цената на доставата за територија на цела Република С. Македонија изнесува 150 денари доколку сакате доставата да биде извршена до адресата која ке ни ја наведете.
Трошокот на испорака го плаќа самиот купувач. Доколку нарачката биде вратена од курирската служба поради неуспешен обид за достава на пратката, пратката се враќа назад со што добивате ЗАБРАНА за било каква порачка во иднина од нашата продавница. Доколку е потребна замена на производот, трошокот за враќање и преземање на новиот производ го презема самиот купувач. КВИН ја презема обврската за подмирување на трошокот само доколку испорача несоодветен производ во однос на боја или модел.
3. Право на рекламација
Кога нарачаниот производ ќе Ви биде доставен, должни сте веднаш да го прегледате со цел да утврдите дали производот одговара на Вашата нарачка.
Доколку доставениот производ не одговара на нарачаниот во однос на формата, моделот, бојата или од други причини отстапува од нарачаното, тогаш Вие имате право за доставениот производ да побарате замена во рок од 15 дена од денот на продажбата. Ова право на замена важи само доколку производот не бил употребуван, ако е сочуван неговиот изглед, употребни својства, пломби, фабрички етикети и сл.
Во случај кога е доставен несоодветен производ, Ве молиме да не известите на бројот 070 772 226 или на нашата електронска адреса kvin@gmail.com и тоа во рок од 24 часа од моментот на доставувањето. Ние во најбрз можен рок ќе Ве известиме за понатомошните чекори кои треба да бидат превземени со цел да ги остварите Вашите права како потрошувач.
4. Достава на производ со недостатоци
Кога нарачаниот производ ќе Ви биде доставен, должни сте веднаш да го прегледате со цел да утврдите дали постојат одредени недостатоци на доставениот производ.
Потрошувачот на кого му е продаден производ со недостаток има право по свој избор да бара: – бесплатно отстранување на недостатоците,замена на истиот со друг производ по избор на самиот купувач или крајно раскинување на договорот, враќање на платениот износ.
Потрошувачот за да ги оствари правата наведени погоре е должен да приложи соодветна потврда, a КВИН е должен да го прими производот со недостаток од потрошувачот и да ги задоволи неговите барања, освен ако не докаже дека недостатоците на производот настанале поради повреда на правилата за употреба и чување од страна на потрошувачот, трети лица или виша сила. Потрошувачот има право да присуствува при проверката на производот.
5. Замена на производ
Доколку е потребна замена на производот кој бил соодветно испорачан од страна на КВИН, трошокот за враќање и преземање на новиот производ го презема самиот купувач. КВИН ја презема обврската за подмирување на трошокот само доколку испорача несоодветен производ.
6.Промена на Политиката за приватност и Условите на користење
КВИН го резервира правото во секое време и без претходна најава да може да ги промени Политиката за приватност и Условите на користење.Затоа, со цел да бидете во тек со евентуалните промени а со оглед дека тие за Вас и за нас се обврзувачки, Ве повикуваме повремено да проверувате дали таквите промени настанале.
Овие Услови на користење се толкуваат исклучиво во согласност со законите на Република С. Македонија.
7. Политики за користење на системот за електронска трговија.
Со самиот пристап на интернет страницата на КВИН и при нарачка на производите/услугите, давате согласност дека ги прифаќате условите од оваа Политика за користење на системот за електронска трговија.
КВИН ги задржува правата за промена на овие политики и услови во секое време, а промените ќе бидат истакнати на оваа страница.
Лични податоци се сметаат: Име, Презиме, адреса, е-маил адреса и сл. Купувачот гарантира за точноста на внесените податоци. КВИН не сноси никаква одговорност доколку внесените податоци не се точни.
8. Политика и услови на доставување на производ и услуга
Оваа Политика се однесува на испорака на производи порачани по електронски пат, при што производите ќе бидат испорачани преку БЕ-ДА ГРОУП ДООЕЛ на адресата која е наведена во порачката.
Производите и нивните цени ќе бидат истакнати на оваа интернет страницата. КВИН настојува да обезбеди соодветни фотографии, цени и залиха на производите, но не може да гарантира дека секогаш се без грешка. Прецизноста за овие информации може да ја добиете на телефон 075/ 468-592. Плаќањето на производите може да биде само во готово при преземање од курирската служба.
За сите дополнителни прашања во врска со начинот на нарачка и испорака можете директно да нѐ контактирате телефонски или да поставите прашање во делот за контакт.
9. Гаранции и одговорности
КВИН ја управува страницата kvin.mk. Така, КВИН гарантира дека содржината на оваа веб-страница, како и условите за нејзино користење, се во согласност со законската регулатива на Република С. Македонија. Од друга страна, КВИН не гарантира дека содржината и користењето на услугите е во согласност со законите на други држави од кои потрошувачот би можел да пристапи до оваа веб-страница.
Доколку ја посетувате оваа веб-страница или ги користите нашите услуги надвор од територијата на Република С. Македонија, тоа го правите свесни за последиците и со оглед на тоа, Вие самите одговарате за евентуалната повреда на важечките закони на државата од каде што пристапувате на веб страната или ги користите нејзините услуги.